Во рамките на проектот „Подобрување на бизнис капацитетите на органските производители во преку граничниот регион Бугарија – Македонија” на 13 и 14 октомври 2017 година во Хотел Сириус во Струмица со почеток во 11.30 часот ќе се одржи: Форум на EOP-CBR мрежата за развој на органското производство во прекуграничниот регион на Бугарија и Македонија и секторски бизнис средби на органските производители и заинтересирани учесници во секторот.
Целта на форумот е да се идентификуваат можностите за понатамошен развој на мрежата и да се обезбеди интеракција помеќу органските производители од регионот со заинтересираните трговци и други чинители.
Сите заинтересирани можат да го најават своето учество во советодавниот центaр за органско производство од 9.00 до 17.00 секој работен ден, на ул.Младинска бр.146, Струмица, преку телефонот 078 222 045 или по електронска пошта на info@fpopm.com