Во рамките на проектот „Подобрување на бизнис капацитетите на органските производители во преку граничниот регион Бугарија – Македонија” ставена е во функција Заедничка интернет платформа за маркетинг и трговска размена на органски производи (JMTE Organic) која е достапна на www.Bio-Trade.eu
Целта на платформата е да се обезбедат подобри пазарни можности за сите сертифицирани производители и умрежување на чинителите од органскиот сектор во прекуграничниот регион на Македонија и Бугарија. Страницата содржи и виртуална база и изложба на органски производи, произведени во прекуграничниот регион на Македонија и Бугарија и можност за интерна комуникацја помеѓу членовите на Мрежата EOP-CBR за развој на органското производство.
Регистрацијата на платформата е бесплатно и резервирано за производители и учесници во органкиот сектор од преку-граничниот регион Бугарија – Македонија
Сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации на ул.Младинска бр.146, Струмица, преку телефонот 078 222 045 или по електронска пошта на info@fpopm.com
Проектот е кофинансиран од ЕУ преку ИНТЕРРЕГ-ИПА програмата за прекугранична соработка на Бугарија и Македонија